Skip to main content

Изложба во Ликовната галерија на „Марко Цепенков“ во Прилеп на Драган Верговски – Алпи

На 17 април (петок) од 19.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи.

Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви ; крстови, пејзажи, кочанско поле….

Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски, вели авторот Драган Верговски – Алпи.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај проф. Димитар Кондовски.

Драган Верговски Алпи / Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград.
Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони.

Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.
Како експерт од областа на конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури

Поврзани вести