Skip to main content

Избрани финалистите за годишните награди на ДПМ за 2025

Друштвото на писателите на Македонија ја информира јавноста дека анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 г. ги избраа делата што влегуваат во најтесен избор.

Од осумтеполуфиналисти (од вкупно седумнаесет пријавени дела)за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., поради израмнет број бодови на две дела за трето место,со одлука на УО на ДПМ во финалниот круг влегуваат следните четири наслови:

-„Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“)

– „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“)

– „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“)

– „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“)

Од осумтеполуфиналисти (од вкупно шеснаесет пријавени дела) за наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ, за најдобра поетска збирка објавена во 2025 г., во финалниот круг влегуваат следните тринаслови:

– „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“)

– „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“)

– „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“)

Од седуммината(од вкупно тринаесет пријавени дела) што се пласираа во полуфиналниот круг за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ, за најдобра книга за деца и младиобјавена во 2025 г., во финале одат следните три наслови:

– „Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска („ТРИ“)

– „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“)

– „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“)

За наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2025 г. се пријавени четири дела, кои воедно се сметаат за финалисти:

– „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“)

– „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“)

– „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“)

– „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“)

За наградата „Мост“ на ДПМ за 2025 г., за книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, пријавени се следните три дела:

– “Embsuame Paskajore” („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“)

– “Pronicanje tišine” („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“)

– “Atdheu: burrë pa grua” („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику („Сојуз на писатели Албанци на Македонија“)

Во наредните неколку деначленовите на петте жири-комисии ќе се состанат и ќе ги изберат добитниците на наградите на ДПМ за 2025 г., коиќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи на 10 февруари. Како што е веќе традиција, врачувањето на наградите ќе се одржи на 13 февруари 2026, денот на кој ДПМ оваа година ќе одбележи 79 години од своето постоење.

Поврзани вести