Skip to main content

Фото-изложба и проекција на филмот „Вода и оган“ од Киро Урдин на Македокс

Од Долината Омо до Планетариумот
На своите патувања, Киро Урдин го доловува духот на местата каде животот сè уште тече со реката, сонцето и чистиот воздух – како во етиопската Долина Омо, каде насмевките светат посилно од слонова коска, а ноќите се осветлени со безброј ѕвезди. Неговата работа нè повикува да зачекориме во светови каде културите, пејзажите и луѓето се испреплетуваат во заедничка човечка приказна.

26.08. |Сули ан |

19.00 – Отворање на фото-изложбата на Киро Урдин и разговор со авторот, модериран од Тони Димков

Во Долината Омо, животот се протега меѓу сонцето, просторот и чистиот воздух.“ Запловете во светот на Киро Урдин – од живописните пејзажи на Етиопија до глобалното платно на Планетариум и филмското патување на Вода и оган.
Ве очекува вечер што ги обединува фотографијата, разговорот и филмот – средба на континенти, визии и души.

Многу се радувам дека вечер на 26.08 од 19 часот во Сули ан имаме чест да отвориме изложба на мојот омилен сликар, уметникот на светот и секогаш љубопитен и спремен за авантура Kiro Urdin кој е овде со нас на MakeDox и со кој пред проекцијата на неговиот филм “Оган и вода” ќе можеме да поразговараме и да го прашаме за се што сакаме, зашто неговото искуство е огромно, речиси планетарно…. подгответе прашања и дојдете да се освежиме со пијачка и врвна уметност, зашто кому му е гајле за реалноста… на 16.MakeDox!

Поврзани вести