
Еминентната египетска издавачка куќа „Ал Араби“ од Каиро ја објави новелата „Ѕиркачот“ на македонскиот писател Александар Прокопиев, богато и необично илустрирана. Интересен е патот на преводите на „Ѕиркачот“ – започнат најпрвин на италијански (излегоа две изданија) брзо по неговото појавување во 2007-та, за потоа, со паузи од по неколку години, да се јават и следните преводи кај реномирани странски издавачи. Така на пример, во последниве две години, „Ѕиркачот“ е преведен на словенечки, албански и сега на арапски јазик. Интересно е што и странските критики на новелата се појавуваат со долги паузи, но константно, што го охрабрува авторот дека оваа книга има свое внатрешно движење.
Инаку, „Ѕиркачот“ е второ дело на Прокопиев издадено кај „Ал Араби“. Пред неколку години истиот издавач го објави „Човечулец“.
Преводот е со подршка на македонското Министерство за култура.

Македонски







