
На 20 мај 2025 година, на сцената на Театарот ТАК во Берлин, во рамките на проектот ПРОСПЕР (Прототип за оджливи резиденции на периферии) беа премиерно прикажани: имерзивниот перформанс „Ехо од длабочините“ во режија на Нина Николиќ и Борјан Стојков (Перипетија продукција) и мултимедијалната театарска претстава „Во миг“ во режија на Ана Константиновиќ (Ехо анимато).
„Ехо од длабочината“ е поетичен, имерзивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои тоа се соочува.
Составено од два дела, доживувањето најпрвин ги носи гледачите на патувањ низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите (Саша Ханџиќ и Маја Зечо) ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој регион. На крајот, секој од гледачите испраќа своја порака до Охрид, езерото и неговите жители која учесниците во перформансот ја враќаат назад во градот.
„Во миг“ е продукција на колективот Ехо Анимато од Белград со актерите Жељко Максимовиќ и Јелена Илиќ. Оваа мултимедијална претстава се занимава со прашањето: Што се случува во моментот по катастрофата? Преку суптилна и вознемирувачка поетика таа ги истражува темите на загуба, отпорност и кревката рамнотежа меѓу пропаста и новиот
почеток.
Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура на Република Македонија.