Skip to main content

Дуодрамата „За нас почнува живот“ и стендап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“ гостуваат во Прилеп

Дуодрамата „За нас почнува живот“ и стендап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“ гостуваат во Прилеп по повод одбележувањето на јубилејот 75 години од постоењето на театарот „Војдан Чернодрински“.

„За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на сцена 105.

„За нас почнува живот“ не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите што не се кажани, со љубовта што опстојува и кога е скршена… Оваа претстава не е бајка. Таа е огледало. И во тоа огледало не се гледа совршенство, туку мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу идеали, разочарувања и трагање по среќа. Автор е Ѓерѓ Шпиро, режијата е на Дејан Пројковски, улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Автор на музиката е Горан Трајкоски.

На 16. декември, вторник од 20.00 часот популарниот актер Сашко Коцев ќе го реализира неговoто стенд ап шоу „Широк дијафазон“.

Гостувањата се дел од одбележувањето на јубилејот 75години НТ „Војдан Чернодрински“, кој ве поканува на вечери исполнета со смеа, емоции и добра енергија.

Воедно театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска, на 13 декември ќе гостува во Никшиќ.

Веднаш по враќањето од Никшиќ, на 17 декември, среда, од 20.00ч, на сцена 105 ќе биде изведена првата реприза на претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски.

Поврзани вести