Skip to main content

До крајот на август изданијата на „Матица македонска“ посветени на македонската историја, јазик и култура со попуст од 50 проценти

Издавачката куќа „Матица македонска“ информира дека по повод Илинден, до крајот на август, сите нејзини изданија  посветени на македонската историја, археологија, јазик, книжевност, уметност, архитектура и воопшто на македонската култура, ќе бидат достапни со 50 проценти попуст. 

– На овој свет ден, Илинден, во пресрет на 35-годишнината од нашето формирање, тимот на „Матица македонска“ се обврзува – ќе продолжиме да ја остваруваме својата мисија, целосно да се себевложуваме во чувањето и афирмирањето на македонскиот национален идентитет. Да го афирмираме македонското слово дома и пред светот, да ги поддржуваме македонските автори, да објавуваме книги што ќе потврдуваат кои сме и што сакаме да бидеме, и ќе истраеме во решеноста македонска книга да има во секој македонски дом, за сите генерации…, стои во пораката што „Матица македонска“ по повод Илинден ја упати до граѓаните.

Покрај  ова, „Матица македонска“ најавува дека во следните неколку недели ќе објави уште неколку нови, клучни книги за македонскиот национален идентитет.

Поврзани вести