
Директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска денес оствари работна средба со делегацијата од македонската Кинотека предводена од директорот Бошко Грујоски. Ѓоргоска Илиевска изрази огромна благодарност за прифатената иницијатива од страна на Кинотеката за реализација на првиот заеднички проект меѓу двете институции во чест на одбележување на Денот на независнота на Република Македонија.
Директорот на македонската Кинотека потенцираше дека реализацијата на првиот патувачки ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМ во Хрватска и изложбата МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ ПЛАКАТ 1952-2022 е исклучително значаен чекор кон уште поголемо вмрежување и зајакнување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска на полето на афирмацијата и промоцијата на кинематографиите на двете земји и заштитата на аудиовизуелното наследство.