
На денешниот брифинг со новинари, кој се одржа во организација на Министерство за култура / Ministria e Kulturës заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се дискутираа повеќе прашања поврзани со состојбата, заштитата и перспективите на културното наследство во државата, вели Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство.
Бев дел од брифингот и се вклучив со одговор на едно од новинарските прашања, кое се однесуваше на локалитетот Плаошник – еден од најзначајните духовни и археолошки центри во нашата земја.
Во одговорот истакнав дека тековните и планирани активности во врска со динамиката на активности поврзани со одобрените средства од Ребалансот на Буџетот за 2025 год за негово целосно завршување согласно Основниот проект во дел на фасада и Карабина се во тек.
Групниот брифинг претставуваше корисна платформа за информирање и размена на ставови, а интересот на медиумите покажува дека темата културно наследство останува во фокусот на јавноста.