
„Болва в уво“ по текст на Жорж Фејдо, а во режија и адаптација на Синиша Евтимов премиерно ќе биде прикажана на 17 декември во Драмски театар Скопје.
Пристигнува најпровокативната премиера годинава, најавуваат од Драмски за новата претстава на Евтимов, проверениот хит-мејкер на театарската сцена.
Што се случува кога сомнежот, страста и погрешниот избор на врата во погрешен момент ќе ја запалат атмосферата во еден хотел што крие многу повеќе тајни отколку што изгледа? „Болва в уво“ на сцената на Драмски театар — урнебесна комедија за љубовните недоразбирања, случајните средби… и ситуациите од кои нема назад, само уште една врата напред, велат од Драмски театар Скопје.
Во претставата играат: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ, Ивана Павлаковиќ

Македонски








