Беседата насловена „Чувај се себеси“ на авторот пријавен под шифра „1111“ е избрана за најдобра на Конкурсот што во чест на охридскиот поет и преродбеник го распишува Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Од пристигнатите осум беседи на конкурсот комисијата ја издвои посочената беседа поради нејзината уметничка, јазична и естетско – етичка вредност.
На Конкурсот што се организира на државно ниво, право на учество имаа сите млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини.
Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на biblioteka_ohrid@yahoo.com
Наградата за најдобра беседа во вредност од девет илјади денари ќе му биде врачена на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.