Skip to main content

Археолошки музеј ја најави отворањето на изложбата посветена на Кирил Трајковски

Го најавуваме отворањето на изложбата посветена на Кирил Трајковски, во соработка со Фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон.

Иако на изложбата се претставени мал број предмети селектирани од кураторите Ана Јорданова Дубровска од Фондацијата ,, Кирил Трајковски” и Филип Аџиевски од Националниот археолошки музеј, нејзиното значење е многу пошироко – таа претставува почетен чекор кон систематско валоризирање и доближување на средновековното културно наследство до јавноста. Во фокусот се локалитетите Мородвис и Кожле, како значајни сведоштва за македонската средновековна археологија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам во текот на минатата година, а изложбата претставува и достоен омаж на долгогодишната и посветена работа на археологот Кирил Трајковски, чие истражување остави длабока трага во проучувањето на овој период.

Со оваа соработка, музејот и фондацијата заеднички отвораат ново поглавје во промоцијата на нашето културно наследство.

Поврзани вести