
Археолошкиот музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите со прекрасните модни креации на инклузивната модна ревија „Модата во минатото“.

Во рамки на настанот, посетителите имаа можност да ја проследат и постојаната музејска поставка од Нумизматичката збирка при Археолошкиот музеј, во која се изложени околу 2.500 примероци монети што хронолошки го опфаќаат периодот од VI век пр. н.е., односно од околу 530 година пр. н.е., па сè до XX век.






Македонски

