
НУ Театар Комедија, за драмска дејност за која, за 2025 година е обезбеден буџет од страна на Министерството за култура и туризам на Република Македонија од 2.400.000,00 мкд, по претходна согласност од управниот одбор, даде согласност финансиските средства да бидат распоредени во следниве три проекти:
1. „Секс, лаги и главоболки”, во режија на Александра Кардалевска (колективно авторство) во висина од 200.000 мкд.
2. „Аматери”, во режија на Синиша Евтимов (според Луис, Шилдс и Џонатан) во висина од 1.400.000 мкд.
3. „Ивана, принцезата на Бургунд”, во режија на Драгана Милошевска Попов, во висина од 800.000 мкд.