
Доаѓав и лани и беше феноменално, се надевам дека годинава ќе биде уште подобро;
Не можев да си дозволам есента и зимата да ми поминат без неверојатното искуство од оваа Работилница;
Сакам да пишувам и така да ги изразувам своите чувства;
Дојдов затоа што сакам да чујам мислење за она што го пишувам;
Ова се само дел од синоќешните претставувања на 25 средношколци и студенти кои ја започнаа 3.Работилница за креативно пишување на ГБСК .
Ментор на Работилницата е писателот Александар Русјаков кој ги поздрави младите креативци со зборовите: никој не може да ве научи да пишувате, но тука сме да го предизвикуваме вашиот талент
Работилницата е еден од нашите стожерни проекти и начин да останеме активни и отворени за публиката, посебно за младите – подвлече директорката Снежана Стојчевска
Работилницата треба да потсети дека библиотеката е безбедно и инспиративно место за креација, посебно за младите – рече координаторот на проектот Александра Јуруковска
Досегашните 2 изданија на Работилницата за креативно пишување ги завршија околу 40 млади таленти. ГБСК нивните творби ги објави во две книги “Антологија на иднината” и “Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)” промовирани на посебни, големи и многу посетени настани
Неколкумина од младите веќе издадоа свои книги, дел учествуваа на “Рациновите средби”, на “Антево перо” и се активни на книжевните настани во градот.
ГБСК е горда на сите нивни успеси и порив за создавање
Учесниците на двомесечната бесплатната работилница членовите добиваат и бесплатно годишно членство во нашата библиотека

Македонски






