Skip to main content

Жена спасена од голем пожар на куќи во Кочани

МИА

Голем пожар избувна денеска во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани. Припадниците на Територијалната против – пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот.

Од запалената куќа пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба.

„Браќа Ставреви“ е густо населена улица со куќи една до друга, поради што постои опасност огнот да се прошири. За сега, пожарникарите успеваат да ја локализираат огнената стихија.

Од ЦУК информираат дека се работи за пожар настанат во индивидуална куќа и проширен на соседната куќа – лепенка.

Куќите се од збиен тип и можно е дополнително проширување. Во моментот има 4 екипи на ТППЕ Кочани, ДПД Кочани со 1 екипа. На лице место се екипи на МВР и екипи на Итна медицинска помош. Не е побарана дополнителна помош од Главен Штаб.

Поврзани вести