Skip to main content

Затвореници нападнаа затвореник во Идризово

Осуденик од тетовско Јеловјане од затворот Идризово вчера бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Повредениотбил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош и повторно бил вратен во КПУ Идризово.

Вчера во 15:33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот ден околу 06:30 часот во установата осуденикот А.А. (27) од с.Јеловјане, тетовско, според пријавеното, бил физички нападнат од други двајца осуденици Т.Е. (32) и М.Ш. (50) двајцата од Скопје, посочуваат од МВР во дневниот билтен.

Од МВР посочуваат дека бил извршен увид од увидна екипа од ПС Гази Баба и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести