Skip to main content

За влакно избегната несреќа: Се сруши потпорен ѕид во Штип, згмечени се две возила

Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, по што оградата и земјата се свлекле врз две возила со скопска и велешка регистерска табличка.

Ката Крстевска од Велес, која утринава дошла на преглед во Клиничка болница во Штип вели дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото.

фото: МИА

Паркиравме возилото и само што појдовме на нагорнината слушнавме и кога дојдовме, кога видовме тука страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата, вели Крстевска.

фото: МИА

На местото на настанот излегоа од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на улицата Љубен Иванов“, која води кон главниот влез на болницата. Простотот беше исчистен од страна на екипи од ЈП „Стипион“.

Поврзани вести