Два тешки инцидента со семејно насилство се случиле вчера на Божик во Тетовско.
Во првиот случај, во 13.20 часот на улица ,,Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Тетово.
Тој бил пријавен од неговиот брат дека претходниот ден околу 21.10 часот во нивниот семеен дом физички го нападнал него и нивната мајка. Ѓ.С. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Утрово во 06.05 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Е.В.(35) од гостиварско село, која претходниот ден околу 22.10 часот била пријавена од нејзината 58-годишна мајка од Гостивар дека во семејната куќа во Гостивар физички ја нападнала неа и сопствената малолетна ќерка.
Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.