Skip to main content

Возило во кое биле тројца од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши  утрово  излетало од патот Охрид-Кичево

Возило во кое биле тројца од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши  утрово  излетало од патот Охрид-Кичево и според информациите на собранискиот спикер тие се добри и контактибилни.

На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

За жал се случи сообраќајна несреќа на дел од обезбедувањето. Веднаш отидовме до болница. Има тројца припадници од безбедносните сили кои се дел од обезбедувањето, ги видовме, се прават снимки и анализи. Од докторот и од директорот на болницата сме информирани дека немаат потешки повреди, но ќе ги задржат вечерва за да не се случи нешто во меѓувреме. Според сите информации, се е во ред со тројцата, јас лично ги видов, сите се добри и контактибилни и ми раскажаа како се случи настанот. За жал тоа е уште една порака до сите кои работат на патот Охрид-Кичево, да се заврши побрзо и поквалитетно – ијави Гаши кој е во посета на пратеничката канцеларија во Општина Охрид за „Слободен печат“.

Поврзани вести