Skip to main content

Марко Луканоски по триумфот над Словачка: Сакаме да одиграме подобро против Ирска за нова победа

МКФ

Младинската македонска кошаркарска репрезентација со победата над домаќинот Словачка (71:63) го почна настапот на ЕП дивизија Б. Марко Луканоски беше еден од најзабележителните во македонскиот состав. Нашиот центар беше на чекор до „дабл-дабл“ ефект, натпреварот го заврши со 11 поени и девет скока, но потенцира дека најважна е победата на Македонија над домаќинот Словачка. Македонскиот тим денеска игра против Ирска.

Одлично го отворивме натпреварот и на полувреме заминавме со предност од 13 поени. Силно влеговме и во третата четвртина, кога брзо стигнавме и до 23 поени разлика. Противникот успеа да се врати на десет поени негатива, но останавме концентрирани, ја задржавме предноста и на крајот сосема заслужено се радувавме на победата. Овој триумф ни носи уште поголема самодоверба пред натпреварите што нè очекуваат на првенството во Братислава. Очекувам цврст противник (Ирска) и натпревар со многу контакти. Но, ние сакаме да одиграме уште подобро отколку на првиот меч. Ќе дадеме сè од себе за да дојдеме до нова победа“, изјави Луканоски.

Македонската младинска репрезентација нема многу време за одмор, бидејќи веќе денеска, со почеток од 13:30 часот, го игра дуелот од второто коло во групата А.