Skip to main content

„Татко“ од Флоријан Зелер, во режија на Иван Поповски на „Охридско лето“

Претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, повторно на сцена ќе го врати еден од нашите најуспешни режисери во историјата на македонскиот театар, Иван Поповски, на македонска сцена. Премиерата ќе биде на 13 јули (понеделник) во 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку. Оваа претстава по 25 години ги враќа Иван Поповски и актерот Бајруш Мјаку во заедничка претстава, по исклучителната „Дневникот на лудиот“ од 2001 година.

Покрај Мјаку, во претсавата играат и: Амернис Нокшиќ, Фисник Зеќири, Сабина Мемиши Асланај, Мелика Кастрати, Флакрон Алији. Сценографијата е на Енес Деари, костимографијата на Изет Цури.

Оваа претстава ќе се надовре на претстави со висок уметнички квалитет, како што се: „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, „Таткото“ од Стриндберг, „Вујко Вања“ од А. П. Чехов и ТВ филм „Татковите книги“ од Л. Старова. Во копродукција со Националниот театар Приштина, Албанскиот театар – Скопје и „Ibsen Award“ од Скиен, Норвешка, се реализираа: мегапроектот „Пер Гинт“ од Х. Ибзен, „Сократовата одбрана“ од Платон, „Народен непријател“ од Х. Ибзен и „Се бара стар кловн“ од М. Вишњек. Воедно, со ликот на Таткото, Мјаку ќе ја заокружи својата блескава 53-годишна театарска кариера.

Иван Поповски е македонски режисер со руска „школа“, кој живее и работи во Москва повеќе од две децении. Тој е роден на 2 мај 1969 година во Скопје. Беше примен на театарска режија на Државниот институт за театарска уметност (ГИТИС) во 1988 година. Дипломира во 1993 година, во класата на познатиот руски режисер Пјотр Наумович Фоменко. Во третата година од студиите, Поповски ја постави претставата „Авантура“, според драмата во стихови од Марина Цветаева, заедно со своите сокласници. Претставата се играше во ходникот на ГИТИС. „Авантура“ ја имаше својата премиера во 1991 година и го доби признанието од московската критика „Врв на сезоната“, за најдобра претстава на годината во Москва за сезоната 1991/92 година.

Поврзани вести