Skip to main content

Љубиша трипати се онесвестил додека тројца го држеа да не излета од авионот на „Рајанер“, истрагата се води во Македонија

Facebook Prinscreen

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста.

Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците. 

Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9.35 часот по локално време – пишува во вчерашното соопштение на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.

Медиумите во Солун, како што јави дописничката на МИА од Атина, повикувајќи се на сведоштвата на патниците, вчера објавија дека веднаш по полетувањето, веројатно додека авионот летал над Скопје, се слушнал силен звук по што се скршил еден прозорец, а патникот на седиштето до прозорецот, поради наглата декомпресија, бил во опасност да излета од авионот и со помош на неговите сопатници бил задржан и спасен.

принтскрин

Меѓу патниците настанала паника, пилотот, според сведоштвата, останал присебен, ги смирил патниците и го вратил авионот на солунскиот аеродром. Некои од медиумите објавија дека причината за скршениот прозорец бил проблем со моторот, дел се откачил и удрил во прозорецот, нешто што воопшто не е споменато во соопштението на авиокомпанијата.

Српските медиуми пренесоа дека патникот кој до половина бил надвор од авионот е 61-годишниот Љубиша Каровиќ. Неговата сопруга Светлана Грковиќ, која седеше до него во авионот, за емисијата „Вести во живо“ раскажа како таа и уште двајца патници успеале да го задржат и да го вратат во кабината.

Летавме 30 до 40 минути кога прозорецот одеднаш се скрши. Мојот сопруг седеше до прозорецот. За среќа, го носеше сигурносниот појас, па само половина од неговото тело излезе. Маските за кислород паднаа и никој не знаеше што да прави. Сите плачеа, се создаде паника, додаде таа.

Таа вели дека таа и жената што седела до неа веднаш го фатиле и го држеле, а потоа еден човек од соседното седиште им дошол на помош.

Половина од неговото тело беше надвор од авионот, се онесвести три пати, ги раскажа таа шокантните детали.

Поврзани вести