Skip to main content

Во ноќен клуб во Охрид приведени седум странски државјанки поради нелегална работа

Freepik

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад привеле седум странски државјанки при контрола во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид.

Како што информира МВР, станува збор за четири државјанки на Русија на возраст од 26 до 29 години, една државјанка на Бугарија, една од Казахстан и една од Србија.

При контролата било утврдено дека тие нелегално работеле како танчерки во клубот, по што биле приведени.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 217 од Законот за странци.

Поврзани вести