Skip to main content

Тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

На 25.09.2025 во 02:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од 63-годишниот М.К. од Штип и патничко возило „сеат“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(21) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „сеат“ – Ф.Ѓ.(21) од Пробиштип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани вести