
Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази нејзината ќерка.
Причината беше што во судницата не беше присутен обвинетиот Зоран Јованов и неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тодор во својата објава ја критикуваше судијката која е назначена за случајот.
„СУДИЈКА НА МАФИЈАТА млада ама веќе се истакна во КРИМИНАЛИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО… На денешното рочиште се покажа… А можеше и се разбира требаше да се изземе доколку и најмалку зрно етика има … ИМА ЛИ АКМИС СИСТЕМ ВО СУДСТВОТО И КАКО МОЖЕ ИСТА СУДИЈКА ДА ГИ СУДИ И ПРЕДМЕТОТ НА ВАСО И ПРЕДМЕТОТ НА ТАТКО МУ… ОВА Е КЛАСИЧНА КРИМИНАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА НА АКМИС СИСТЕМОТ ЗА ШТО ЗА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ЌЕ БАРАМЕ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ КОЈА СПОРЕД СУДСКА ПРАКСА ЗАВРШУВА СО ЗАТВОР… Ако веќе еден Претседател на овој Суд кој само наводно беше гонет за манипулирање со Акмисот иако реално се работеше за политички прогон, ама заврши со затворска казна… ЗАТВОР ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ ИЛИ НИШТО ОД ОВА СУДСТВО“, објави меѓу другото Кулаков.
Како што обвинува тој, ова веќе не е правосуден систем со 2% доверба туку ова е „веќе со негативен коефициент на доверба, значи со минус напред, бидејќи е правосуден систем во директна соработка со мафијата и подеднакво учесник во криминалот за што сега не се ни кријат…“.
„Ништо не се движи. Додека ние копаме и градиме гроб на Фросинче мафијашкото семејство на чело со мајка му на Васо и татко му копаат и ги потплатуваат судии, обвинители, адвокати, полиција и што се не друго…“, порача меѓу другото таткото Тодор.