Skip to main content

СВР Скопје го расчисти убиството во Батинци, лишено од слобода едно лице, а по едно лице се трага

Фото: Freepik

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го расчисти кривичното дело „убиство“ од 11 јули годинава, кога во село Батинци, скопско, со пиштол беше убиен А.М. од село Батинци.

-Денеска (17.07.2025) до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Џ.М.(25) за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ и Б.П.(35) за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 во врска со член 22 од КЗ. Б.П. е лишен од слобода и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена, додека Џ.М. се уште е недостапен за органите на прогон, соопшти попладнево МВР.