Skip to main content

Судијката Груевска не прифати одложување на рочиштето поради спојување на двата предмети

Судијката Дијана Груевска Илиевска не го прифати барањето на бранителите на обвинетите за одложување на рочиштето поради одлуката на Обвинителството за редуцирање на листата на докази и сведоци по спојувањето на обвинението на сопственикот на агенцијата за обебедувањето Рубикон Александар Нацев во еден акт.

Адвокатите сметаа дека мора да дојде до одложување бидејќи мораат да се запoзнаат што е исфлено и редуцирано.

Судечкиот совет, сепак, донесе одлука дека се прифаќа предлогот на ЈО за изведување на интервениран текст на листа на докази по одлуката на Судот за спојување на двата предмети.

Обвинителството треба интервенираниот текст да го испрати до сите страни кои откако ќе ја видат листата на докази може да достават и нови“, образложи судијката.

Судењето продолжи со претставување на сите обвинети.

Поврзани вести