Skip to main content

Србин се судри со малолетник на нерегистриран мотоцикл на пат кон Меџитлија

Вчера во 15.24 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од патот Битола-ГП Меџитлија со локален пат за с.Оптичари и локален пат за с.Бистрица, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола и патничко возило „опел астра“ со српски национални ознаки, управувано од П.Ш.(61) од Република Србија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.

Поврзани вести