Skip to main content

Сообраќајка кај Мавровска крстосница – повредени пет лица

Денеска, 8 септември 2025 година, во 15:56 часот во ОВР Гостивар е пријавена тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Во судирот учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила, при што пет лица се здобиле со повреди.

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е целосно во прекин. Полициските службеници од ОВР Гостивар вршат пренасочување на возилата по алтернативни локални патишта – преку Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток.

Поврзани вести