Skip to main content

Со гасни пиштоли пукале на свадба: Уапсени две лица од скопско

МВР

Вчеравечер во село Рашче, скопско, полициски службеници од полициската станица Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од истото село.

Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани вести