
Шест лица се уапсени поради за семејно насилство во изминатото деноноќие, а вкупно имало седум пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:50 часот го лишиле од слобода Н.Д.(44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово вчера во валандовско село лишиле од слобода 29-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Струмица вчера полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(52) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 16:52 часот го лишиле од слобода Џ.А.(35) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот во дворот на семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. При извршен алкотест, било констатирано дека Џ.А. е под дејство на алкохол, односно има 2,02 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска во 00:55 часот го лишиле од слобода М.Б.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека околу 19:30 часот во семејниот дом во Скопје физички ги нападнал неа и нивното малолетно дете. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 02:00 часот по полноќ полициски службеници го лишиле од слобода К.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 68-годишен татко дека околу 18:00 часот, по претходна расправија, со употреба на тврд предмет му го оштетил патничкото возило, а потоа и го искршил ветробранското стакло на возилото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР – Скопје синоќа во 00:10 часот 61-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 21:00 часот во семејниот дом во Скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син Р.С.(26). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонски


