
Сестрата на повредената Марија Тасева, Лепа Тасева, попладнево е пронајдена меѓу загинатите лица во пожарот во кочанската дискотека. Нејзиниот татко, кој ја бараше во болниците во Скопје, објави дека за жал, неговата Лепа е меѓу загинатите.

Марија, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја.
Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.