Skip to main content

Седум лица повредени во сообраќајка на патот Кичево-Охрид, меѓу нив и 6-годишно дете

На магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Подвис, вчера во 23:17 часот случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(51) од Прилеп и „Џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(33) од кичевското село Зајас.

Притоа, двајцата возачи и сопатниците од првото возило О.А.(47) и М.Г.(55), двете од Прилеп како и сопатниците од второто возило Б.Ф.(45), Ј.Ч.(31) и едно шест годишно малолетно лице, сите од селото Зајас, беа пренесени во Општата болница во Кичево каде, им биле констатирани телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Поврзани вести