Skip to main content

Се трага по две исчезнати девојчиња, едното има 10 другото 15 години

Полицијата во моментот трага по две малолетни девојчиња кои се пријавени за исчезнати.

Прво вчера во 15.20 часот во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата внука Ј.А. (10).

Ноќва пак во 01.22 часот во Полициското одделение Петровец, И.Г.(42) од село Кадино, скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка Р.Г. (15) од село Кадино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.

Поврзани вести