Skip to main content

Се скарале па охриѓанец го запалил моторот на татко си, потоа избегал

Уапсен е охриѓанец кој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот татко. Ќе се соочи со пријава.

Како што информираа од полицијата ноќеска во 00.25 часот по полноќ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода А.И.(30) од Охрид. Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом во Охрид, тој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот 57-годишен татко и заминал кон Ресен.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Поврзани вести