Skip to main content

Пронајдена почината жената која беше пријавена за исчезната

На 09.05.2025 во 09:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот.

Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.

Поврзани вести