Skip to main content

Полицијата одзела марихуана, фалсификувани пари, спречено бесправно градење и семејно насилство…

На 06.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.(31), Б.А.(73) и А.Н.(46), сите од Скопје и М.М.(26) од Берово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 06.01.2026 околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот сопатник С.Р.(23), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник од трициклот И.С.(19), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

На 06.01.2026 во 21:35 часот на автопатот Гостивар- Тетово, кај с.Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари”  ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р.Турција. Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с.Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с.Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен” со гостиварски регистарски таблици, ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

На 06.01.2026 во 09:00 часот полициски службеници од СВР Тетово во с.Порој ги лишија од слобода Е.Н.(38) и Ф.Т. од с.Порој. При извршен претрес, согласно судска наредба, во дом и помошни простории во с.Порој, биле пронајдени и одземени шест мобилни телефони и кафеава прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 06.01.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје Џ.Г.(37) од Скопје пријави дека околу 20:00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од А.Р.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2026 во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека на 04.01.2025, додека се движеле во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 06.01.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р.Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар и откако пристигнале, пријавителот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.01.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје А.Х.(52) од Скопје, пријави дека на 05.01.2026 околу 23:30 часот, на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од Р.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје М.Г.Д. од Р.Турција, со престој во Скопје, пријави дека на 05.01.2026 околу 17.50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил пресретнат од В.Ф. и „О.„Н.“, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило. Подоцна, повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале, а му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.01.2026 во 10:00 часот во ОВР Берово 37-годишна жена пријави дека во домот во беровско била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.Џ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.01.2026 во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми. Увид на местото изврши полицискa екипa, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, без да добие соодветно правосилно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект.

Поврзани вести