Skip to main content

Полицијата го бара за Кочани: Македонскиот амбасадор во Осло, Кучи, се враќа дома со првиот авион

Facebook/Driton Q. Kuqi

Македонскиот амбасадор во Осло Дритон Кучи се враќа дома со првиот авион откако разбрал дека полицијата го барала дома за настани поврзани со трагедијата во Кочани.

Дритон Кучи трета година е амбасадор на Македонија во Норвешка и Исланд а преходно од 2016 до 2018 беше министер за економија.

Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.

Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.

Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.

Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред.

Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!, пишува Кучи на социјалните мрежи.