
Тешко повреден жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот центар во Скопје, а телото било дадено на обдукција.
Вчера околу 6:45 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во градот е пријавено дека починал М.А., на возраст од 56 години од село Миладиновци, скопско, кој на 8 јули бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа – информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
По насоки од јавен обвинител, како што соопштија од МВР, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

Македонски



