Skip to main content

Палчо на грабнувачите им ветил по 150.000 евра

На денешното сведочење во Кривичен суд, обвинетиот Велибор Манев рече дека бил под закана и страв дека првообвинетиот Љупчо Палевски ќе му ја отепа фамилијата ако не учествува во второто грабнување. Неговиот адвокат Горан Бошевски го праша и дали Палевски им ветувал пари. Тој потврди.

Да, по 150.000 евра за ќерката на сопстенкот на веледрогерија која требаше да биде грабната, рече Манев.

Тој беше упорен во тврдењето дека не го познава Александар Ѓорчевски, и дека таткото не е вмешан во киднапирањето.

Во полиција ми покажаа фортографија и ме прашаа дали знам кој е. Реков не. Тогаш почнаа да ме маваат, удираат и држат со нога на главата. Ми рекоа дека тоа е таткото на девојчето и оти имаат листинзи дека комуницирал со Палевски. Реков дека не знам и оти не сум лична секретарка на Палевеки, рече Манев.

Манев рече и дека бил под тортура и во полициска станица и во затворот.

Колабирав од тепање. Кога се освестив на плочките без здрвен. Лежев на обичен сунгер. Тогаш видов како ѕиркаат низ шпиунката и рекоа: „Добро е, се освести“. Бев под закани да не зборувам. Побарав да ме врзат за радијатор и да останам насамо со обвинителката за да ѝ кажам, рече тој.

Додаде и дека во тој период неговата финаниска состојба била многу лоша.

Голем дел од моите финансии ги давав за партијата, а таа немаше многу пари, призна обвинетиот.

Поврзани вести