Skip to main content

ОЈО: Отворен е предмет за можни неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи за случајот од Тафталиџе

Основното јавно обвнителство отвори предмет по допрен глас за можни пропусти при постапувањата на службите за случајот на починатите мајка и ќерка од Тафталиџе.

Оттаму велат дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Поврзани вести