Skip to main content

Охриѓани нападнале 70 годишен старец во автокамп, завршил во болница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 22.09.2025 во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

По извршениот увид, од местото на настанот пронајдени и одземени се два ножа, една пента и едно дрвено весло, а по наредба на јавен обвинител, двајцата пријавени се лишени од слобода и задржани во полициска станица.

Поврзани вести