
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе сведочи таткото на девојчето. Обвинителката Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска ќе го испрашуваат Александар Ѓорчевски. Таткото на претходното рочиште се изјасни дека е невин нуту пак дека ги познава убијците на неговата ќерка.

Беше незадоволен и од работата на полицијата и нагласи дека повеќе се интересирале за становите што ги имаат со порашената сопруга отколку за истрагата. Дури и не му кажале дека Вања е мртва, туку веста му ја соопштила обвинителката Јосифовска на распитот.