Skip to main content

Нова несреќа на патот Битола – Прилеп, маж со возило излета од коловозот

Вчера во 13.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот A3 Битола-Прилеп, кај надвозникот за с.Тополчани, товарно моторно возило „терберг” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(38) од Прилеп, излетало од коловозот.

По несреќата, возачот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Пред неколку дена на истиот пат загина пешак.

Поврзани вести