Skip to main content

Ноќва целосно изгоре стан во Делчево

МИА

Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед.

На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според информации од ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 01:30 часот по полноќ.

Од надлежните институции се најавени дополнителни информации за случајот во текот на денот.

Поврзани вести