
Неексплодирана минофрлачка граната од Прваta Светска Војна е пронајдена во индустрискиот дел во општина Богданци.
Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, гранатата е 70 mm и се работи за ретка минофрлачка граната.
Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Прва Светска Војна, стои во информацијата од ДЗС.
Гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Македонски




