Skip to main content

На работното место: Почина 57-годишен пожарникар

Вчера во утринските часови на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита во Скопје се соочија со трагедија.

Во просторијата на Бригадата беше пронајден починат З.А., 57-годишен вработен од село Мралино, општина Илинден.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Поврзани вести