Skip to main content

Мортус пијан: Кавадарчанец управувал возило со 3,05 промили алкохол во крвта

Freepik

На 23.05.2025 во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко.

При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.

А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести