Skip to main content

Миа Костова: За сите вие кои вперувате прст во мајката…

Миа Костова реагира на коментарите кои пристигнуваат поради видеото на кое се гледа како скопјанец ја тепа и ѝ се заканува дека ќе ја убие неговата четиригодишна ќерка, а кои вина гледаат во мајката која снимала.

Ужасно ме потресе видеото со тепањето на 4годишно дете, уште повеќе ме потресува фактот што којзнае колку деца го трпат истово ама или никој не пријавува или институциите немаат слух или реагираат кога е веќе касно и кога како во еден случај мајката уби и татко и свекор. А сите вие кои вперувате прст во мајката и ви личи дека ‘снимала’ исто треба да сносите последици и не заборавајте дека многу често се удира од нос претпоставка која ја имате од дома меѓу вашите хармонични односи и преродителски ставови. Да ја нема снимката, таткото уште ќе беше дома. Искрено се надевам дека ќе биде пример и сила за секој еден родител да пријави а насилниците без исклучок да завршат таму кај што сонцето никогаш не свети. Да ги јадат истите шамари со години зад решетки додека надвор нивните деца се лечат од трауми, пишува Костова.

Мајката на девојчето денеска го објави видеото од тепањето за кое таткото е во притвор и е подигнато обвинение. Таа снимала за доказ, затоа што претходниот пат кога тој го тепал нејзиното чедо поминал неказнет:

Поврзани вести